Медицински совет

За да го одржите доброто здравје, потребно е да ги следите вашите потреби, но и да ги слушате советите на експертите што издвоиле неколку основни правила – како да живеете поздраво, без поголеми напори и во согласност со вашиот животен стил.
Бидете флексибилни за вашата исхрана: На пример, јадете месо за време на викендите и риба двапати неделно, а во другите денови само разновиден зеленчук.
Помалку шеќер, повеќе вода: Научни студии покажуваат дека пиењето нездрави сокови, еден или два во текот на денот, може за 26 отсто да ги зголеми шансите да добиете дијабетес тип 2, па затоа ваш избор нека биде обичната вода.
Повеќе движење, помалку седење: Ако одвојувате 150 минути за некоја физичка активност во текот на една недела, ја правите совршената работа за себе. Не мора секогаш да правите нешто посебно, забележителна разлика ќе направи и ако шетате или се истегнувате.
Обезбедете си здрав сон: Спиењето често се занемарува и не е на врвот на листата што води кон поздрав живот. Сепак, хроничниот замор, сонливоста и недостигот од сон доведуваат до срцеви заболувања, дијабетес, мозочен удар и дебелина. Ако сте уморни наутро, одете на спиење најмалку 15 минути порано секој ден, додека наутро не се чувствувате одморено.