„Се почувствував како воопшто да не значам“ рече Дебора Сантамарија, која не беше предупредена дека некое лице во зградата на Сан Франциско што ја чисти, било позитивно за коронавирусот.

Чистачите се борат со бактериите кои се закануваат на јавното здравје, но понекогаш и тие се без соодветна заштита или информации за тоа со што се соочуваат, пишува „Њујорк тајмс“.

Во Сан Франциско една гласина ја вознемири Дебора Сантамарија. Таа, слушнала од нејзин колега што чисти зграда од 52 ката во финансиската област на градот, дека објектот е затворен бидејќи работник се заразил со новиот коронавирус. На 63-годинишна возраст, Сантамарија се смета себеси меѓу најранливите на вирусот што уби илјадници ширум светот и брзо се прошири низ САД.

Нејзиниот претпоставен, што ја вработува, ја уверил дека се е во ред, но пет дена подоцна се појави вест дека истата зграда се евакуира откако еден вработен бил тестиран позитивен на коронавирусот. Банката го известила менаџментот на зградата, а менаџментот го известил изведувачот. Но, според вработените и нивните претставници на синдикатите, никој не им кажал на чистачите.

– Ниту едно од нашите семејства не треба да биде третирано како да сме граѓани од втора ред – кажа Олга Миранда, претседателка на Меѓународната унија за вработени во службата.
 
Таа ги собра работните сили, кои во најголем дел се доселеници од странство, на плоштадот пред зградата, барајќи од нив да напуштат работата за да протестираат против тоа што компаниите за чистење не ги известиле за случајот со коронавирус. 
 
– Како треба да знаеме дека компаниите нè почитуваат кога тие не ни кажуваат што се случува во зградата – рече таа. 
 
Миранда во вторникот ги замоли членовите да останат во своите домови, иако канцелариите и зградата останаа отворени. Таа рече дека синдикатот е загрижен за изложување на работниците на здравствени и јавни безбедносни ризици, вклучително и средби со полицајци за спроведување на наредбата за засолнување.