Француските индустријалци и научници најавија почеток на производство на нов вид заштитна маска, поотпорна од сите досегашни, која ќе може да се користи сто пати без замена.

Маската, наводно, ќе биде понудена по малопродажна цена од околу 30 евра, пренесува „Франс инфо“.

Меѓу четириесетте научници и експерти кои соработуваа на овој проект, беа и вработените во добро познатата компанија „Мишелин“ од Клермонт-Феран, како и Центарот за атомска енергија и алтернативна енергија (ЦЕА), кои основаа нова компанија наречена VOC-Cov.

Пробна серија од 5.000 маски е веќе во производство, а првите маски на пазарот треба да се пуштат во продажба следната недела, изјавија од лионската компанија Оври, специјализирана за производство на опрема за лична заштита, на која ѝ е доверено производството.

– Наша цел е да произведеме еден милион маски неделно во текот на мај, што е еквивалентно на бројката од 500 милиони маски за еднократна употреба – велат раководителите на проектот.

„Мишелин“ веќе резервирал 130.000 маски, од кои некои ќе бидат донирани на регионалните здравствени агенции.

Новата маска, наречена „OCOV®“, ќе биде доставена до клиентите со пет филтри што се перат, така што корисникот ќе може да јаа користи сто пати.

Откако ќе се искористат сите филтри, маската не да треба да се отфрли, туку може да се користи и понатаму со купување нови филтри.