Турција го пријави првиот смртен случај во земјата предизвикан од коронавирусот, изјави турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, на прес-конференција во Анкара, пренесува ТАСС.

– Пред седум дена го пријавивме првиот случај на коронавирус во земјата. Денес морам да објавам тажна вест затоа што еден од заразените пациенти почина. Имаше 89 години – рече Коџа. 

Tурскиот министер за здравство исто така објави дека бројот на регистрирани заразени случаи се зголеми за 51 и во моментов изнесува 98.

Коџа изјави дека човекот кој починал од вирусот бил заразен од својот кинески колега.