Светската здравствена организација (СЗО) тестира пет лекови за за коронавирусот, изјави портпаролот Тарик Јашаревиќ во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).

– Уште во февруари собравме повеќе од 400 водечки светски научници за да утврдиме не само тоа што не се знае за вирусот, туку истовремено да се работи на наоѓање решенија, како што се вакцините и лековите – рече тој.

Тој прецизираше дека клиничките испитувања ќе бидат направени во повеќе од една земја и ќе се направат напори да се забрза работата што е можно повеќе.

Од појавата на коронавирусот кон крајот на декември 2019 година во кинескиот град Вухан, досега 159 земји и територии ширум светот објавија дека имаат случаи на ковид-19. На светско ниво има над 222.000 случаи.