Пандемијата на коронавирус и натаму се шири, но растот на бројот на новозаразени и починати во светот забавува, со исклучок на Југоисточна Азија и Источен Медитеран, објави Светската здравствена организација.

Во својот последен извештај за епидемиолошката стиуација, објавен синоќа, СЗО истакнува дека двете Америки и натаму се најтешко погодени и половина од новите случаи и 62 отсто од 39 илјади починати во последната недела се од овие земји.

Во светот заразени се повеќе од 23,65 милиони луѓе, а 811 илјади се починати, стои во податоците на Ројтерс.

Југоисточна Азија, вториот најпогоден регион, забележа зголемување од 28 отсто на нови случаи и 15 проценти повеќе смртни случаи. Повеќето од нив се во Индија, но вирусот брзо се шири и во Непал.

Во Источниот Медитеран бројот на заболени се зголеми за 4 проценти, но бројот на загинати опадна во последните шест недели, соопшти СЗО. Најбрз раст во однос на минатата недела бележат Либан, Јордан и Тунис, споредено со минатата недела.

Бројот на нови инфекции и смртни случаи во Африка опадна за 8 и 11 проценти, „пред се поради опаѓањето на случаи во Алжир, Кенија, Гана, Сенегал и Јужна Африка.

– Во Европа, бројот на случаи се зголемува во изминатите три недели – се вели во извештајот на СЗО, „но мал пад од 1 процент е забележан во минатата недела, а бројот на смртни случаи паѓа низ целиот регион“.

Во регионот на Западен Пацифик, бројот на случаи опадна за 5 проценти, пред се поради забавување на експанзијата во Јапонија, Австралија, Сингапур, Кина и Виетнам.