СЗО испраќа тим во Кина следната недела за подобро да разбере како започна епидемијата на коронавирус, изјави генералниот директор Тедрос Адан Гебрејесус.

– Знаењето на изворот на вирусот е многу, многу важно – рече Тедрос, пренесува „Си-ен-ен“.

Тој додаде дека очекува посетата да доведе до разбирање како започна епидемијата и што може да се стори за да се подготви светот за она што го чека во иднина.