Министерството за здравство на Русија регистрираше сува вакцина против коронавирусот на центарот „Гамалеј“ за подготовка на раствор за интрамускулни инекции, соопшти прес-службата на министерството.

– Министерството за здравство издаде регистрација за вакцината „Гам-КОВИД-Вак-Лио“, развиена од Научно истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ на Министерството за здравство на Русија, која е произведена во форма на лиофилизати за подготовка на раствор за интрамускулна инекција – се наведува во соопштението.

Вакцината е регистрирана по клиничките тестирања на кои лекот се покажал како ефикасен и безбеден кај доброволците.

Клиничките испитувања на вакцината се одржаа во периодот од јуни до август годинава на државниот медицински универзитет „Сеченов“ во Москва.