Повеќето Германци се убедени дека би било погрешно да се укинат ограничувањата наметнати како резултат на коронавирусот за луѓето кои се сметаат за целосно имуни и вакцинирани, покажа најнова студија.

Институтот кој ја спровел анкетата, открива дека 32 проценти од луѓето рекле дека ниту една група не треба да има никакви придобивки се додека сите не добијат шанса да се вакцинираат, а 21 процент велат дека целосно вакцинираните и закрепнатите лица не треба да се третираат поинаку од невакцинираните.

Спротивно на тоа, само 39 проценти од луѓето сметаат дека ограничувањата треба да бидат укинати.

Според Управата за контрола на болести (РКИ) на Институтот „Роберт Кох“, досега целосно вакцинирани се околу 8,8 милиони луѓе (10,6 проценти), додека првата доза од вакцината ја примиле околу 29,9 милиони луѓе или 35,9 проценти.

Здравствените власти велат дека скоро 7.900 новозаразени со коронавирус се регистрирани во рок од 24 часа.

Пријавени се околу 177 смртни случаи, а вкупниот број на смртни случаи поврзани со ковид-19 е 86.025 лица.