Фудбалскиот клуб Фиорентина потврди нови три случаи на заразени со коронавирусот. Вчера позитивен на вирусот бил младиот напаѓач Душан Влаховиќ, а претпладнево клубот потврдил дека со вирусот биле заразени уште двајца фудбалери и еден член на стручниот штаб.

На тестот за коронавирусот биле позитивни Патрик Кутроне и Герман Пецела и физиотерапевтот Стефано Даинели.

– Фиорентина соопштува дека позитивни на вирусот се Кутроне, Пецела и Даинели. Сите се во добра состојба. Во излоација се во своите домови – стои во клупското соопштение.