Втората вакцина за масовна имунизација против ковид-19 е официјално одобрена во Кина, а станува збор за производ на компанијата „Синовак“, беше објавено денес од државното регулаторно тело за медицински производи.

Вакцината „Коронавак“ е одобрена по двомесечни клинички испитувања, а резултатите од некои тестови во доцна фаза сè уште не се објавени.

– Индонезија, Турција, Бразил, Чиле, Колумбија, Уругвај и Лаос издадоа итни одобренија за употреба на вакцината на „Синовак“ – се вели во соопштението на компанијата.

Првата вакцина во Кина доби дозвола за масовна употреба во декември минатата година.