Фото: Зоран Антоски

Муамед Сејдини повторно е кадидат за претседател на ФФМ предложен од страна на ОФС Кичево, беше потврдено на редовното годишно собрание што се одржа во ресторанот „Арабела“. За претседател на сојузот во наредниот четиригодишен период е избран Марјан Ристески, спортски работник од градот, на местото втор човек на сојузот е избран Џевдет Далипи, исто така спортски работник од Кичево, а за секретар фудбалскиот судија Марјан Стојаноски.

На ова собрание беа присутни 30 од можните 33 делегати. Во сојузот беа задоволни што на Сејдини му даваат нова прилика да продолжи да ја води федерацијата и наредните четири години, бидејќи зад него стојат големи резултати.

– Според остварените резултати на репрезентацијата на Северна Македонија, кога е изборено прво учество на земјава на Европско првенство и според се што реализира на полето на теренската инфраструктура, од изградба на фудбалски терени и трибини во сите градови во земјава, не гледаме никаква причина Муамед Сејдини и во наредните четири години да не биде прв човек на федерацијата – истакна потпретседателот Џевдет Далипи. З.А.