Закрепнувањето на германската економија ќе почне во втората половина од оваа година, поддржано со владини мерки за ублажување на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, објави германското Министерство за економија.

Германската економија е во рецесија од март, а падот на активноста се очекува да продолжи до средината на годинава, наведува Министерството.

Остриот пад на глобалната побарувачка, нарушувањата во синџирот на снабдување, промените во однесувањето на потрошувачите и неизвесноста кај инвеститорите имаат силно влијание врз Германија, соопшти Министерството.

Поради пандемијата на коронавирусот, во наредните месеци се очекува голем пад на активноста во индустриски ориентираната економија.

Министерството забележува и значително влошување на водечките показатели на пазарот на трудот, што укажува дека како резултат на пандемијата вработеноста ќе опаѓа, а невработеноста ќе се зголеми.