Во Италија 285 луѓе починале од компликации поврзани со коронавирус во последните 24 часа, а дополнително заразени се 1.852 лица.

Со тоа, бројот на пријавени случаи на заразени со коронавирус во таа земја се зголеми на 205.463, а досега починати се 27.967 пациенти.

Ова е втор ден по ред во Италија бројот на новозаразени и смртни случаи да опаѓа. Во просек, кривата на новозаразени со ковид-19 постојано опаѓа од почетокот на април.

Така, на крајот на март, дневниот број на нови случаи варирал помеѓу 4.000 и 6.000, а на почетокот на април помеѓу 3.000 и 4.800. Во последните денови од април, дневниот број на новозаразени случаи е помеѓу 1.800 и 2.400.