Денес започна едно од најсилните затворања на Австралија, владата ги забрани сите собири на отворено, вклучително и свадби, погреби, испораки на храна. Надлежните велат дека целта е навремено да се запре почетокот на ширењето на коронавирусот во државата Јужна Австралија.

Фотографиите на социјалните мрежи ги покажуваат празните улици на Аделаида, главниот град на Јужна Австралија.

Жителите побрзаа во продавниците ден претходно за да набават намирници, објави „Ројтерс“.
Земјата со 1,8 милиони жители забележа 23 нови случаи откако неодамна се појави ново жариште.

Нема пријавено нови случаи во четвртокот, но 3.200 лица се во карантин, бидејќи биле во контакт со заразени, изјави Никола Спуриер, шеф на австралиската здравствена служба.

Властите воведоа шестдневен карантин, додека државниот премиер објасни дека засилените мерки се должат на патникот кој се вратил од Велика Британија.