Австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер, по полноќ го пронашла во ресторан во центарот на Виена, иако на кафулињата и рестораните им е дозволено да работат до 23 часот, поради епидемијата на коронавирусот.

Ван дер Белен го потврдил инцидентот за весникот „Кронен Цајтунг“ и се извинил, велејќи дека се зазборел и заборавил на времето.

Полициските службеници дошле во контрола, при која на нивно изненадување, ги затекнале претседателот и првата австриска дама како по полноќ пијат на терасата на ресторанот.

Во Австрија, поради епидемијата, на кафулињата и рестораните им е дозволено да работат до 23 часот. Во спротивно, сопствениците можат да бидат казнети со глоба до 30.000 евра.

Ресторанот бил официјално затворен кога во него влегла полицијата.

„Навистина ми е жал. Тоа беше грешка“, рече Ван дер Белен.