Бавното спроведување на вакцинацијата низ ЕУ ги остави лидерите од Стариот Континент во проблеми. Засега, европскиот блок вакцинираше 1,4 отсто од неговата популација. За споредба, Израел веќе изврши имунизација на една третина од своето население. Велика Британија, пак, вакцинираше седум отсто од населението, а со речиси пет отсто вакцинирани во САД, ЕУ се стекнува со имиџ дека не се грижи доволно за ова прашање, пишува „Економист“.
Дел од познавачите на состојбите тврдат дека процесот на вакцинација во ЕУ е побавен во однос на другите западни држави бидејќи почнал подоцна, други пак сугерираат дека регулаторите во Израел, САД и во Британија полесно ги одобриле вакцините.
Но вакцинацијата не претставува натпреварување. А ЕУ не е предвидена да се натпреварува. Целта на правилата во ЕУ е создавање на подлога која ги спречува државите да се подриваат меѓусебно. Во овој дух е создадена и страгегијата на ЕУ за вакцинацијата. Наместо да им дозволи на државите да се натпреваруваат индивидуално, вакцините ќе бидат купени колективно од Европската комисија, а потоа распределени еднакво, според бројноста на популацијата.
Но отсуството на натпреварувачки нагон, сепак, и наштети на Унијата на друго поле. Бавноста на регулаторите беше сметана за доблест, а не за недостаток. Дел од европските регулатори не брзаа да ги одобрат вакцините, поради загриженоста од реакцијата на скептичните за имунизацијата. Сега, пак, дел од европските лидери предводени од австрискиот канцелар Себастијан Курц, го зголемуваат притисокот на регулаторите да го забрзаат процесот за одобрување на другите вакцини. Тоа ја остави ЕУ во двоен проблем, во кој обениот процес го одложува доаѓањето на вакцините, а згора е подриен од политичкото мешање.
Ако ЕУ успее да го пронајде натпреварувачкиот дух тогаш трката за вакцинација е соврешено поле за натрпевар. Европската комисија има цел за вакцинација на 70 отсто од возрасната популација до лето. A според сегашното темпо, ЕУ би успеала да вакцинира 15 отсто од населенитето до септември. Со сегашното темпо ЕУ не би ја постигнала целта ниту до март 2024, според „Политико“.
Доколку група од најразвиените општества не може да го вакцинира населението брзо, тогаш сите претензии дека ЕУ е потенцијална суперсила изгледаат бесмислено. Затоа ЕУ треба да оди на победа во трката за вакцинација.