Епидемиологот од Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ), Бернард Каиќ, пресметал како кај вакцинираните луѓе може да се спречи инфекција со коронавирус, па дури и смрт.
Според пресметката на Каиќ, со вакцинирање на еден милион луѓе со две дози на вакцина во епидемиолошката состојба што ја има Хрватска во последните пет месеци, спречени се 27.192 случаи на заболување и 777 смртни случаи.
Во исто време, со толку голем број спречени болести и смртни случаи, се очекува да се разболат 4.798 лица меѓу вакцинираните, а 16 лица ќе умрат од болеста.
– Значи, по вакцинирање на еден милион луѓе со две дози, со фреквенцијата на болеста што ја имавме во последните пет месеци, се очекува да умрат 16 вакцинирани лица, а во исто време да се спречи смрт кај 777 лица – вели Каиќ.
Според него, епидемиолошката состојба во последните пет месеци, од 1 февруари до 7 јули, во Хрватска била со 127.963 пациенти и 3.170 смртни случаи од коронавирусот.
Според Каиќ, тоа значи дека 31.990 луѓе се разболеле во тој период, а 793 умреле на еден милион жители.