Вибер од денес двојно го зголеми бројот на луѓе кои можат да остваруваат групни повици, поточно во еден групен повик истовремено можат да зборуваат 10 луѓе, пренесуваат светските медиуми.
– Одлуката за зголемување на бројот на членови за групен повик претставува брз одговор на околносите кои ги создаде пандемијата на ковид-19. Во ваква состојба се зголемува потребата за групни разговори кај повеќечлените семејства, одржување на работни состаноци на далечина, како и известување на учениците – соопштуваат од компанијата.
Сите групни разговори се обезбедени со двонасочна енкрипција и воедно подеднакво се заштитени и класичните повици, пораки, фотографии и документи што се споделуваат. Ништо што корисниците испраќаат едни на други, никогаш не е зачувано на серверите на Вибер, откако ќе биде доставено.
Веднаш штом ќе се испратат пораките, благодарение на шифрирање, ниту една трета страна (дури ни Вибер) нема можност за отклучување на пораката. Само луѓето кои ја испратиле и ја примиле пораката го имаат клучот.
– Решени сме да им обезбедиме на луѓето колку што е можно повеќе начини да на групно комуницирање во текот на оваа ситуација, така што тие не мора да бидат физички на исто место. Како што се шири пандемијата ковид-19, сè повеќе луѓе работат од дома, така што сакаме да се осигураме дека можат да ја продолжат својата работа каде и да се, како и лесна комуникација со своите најблиски – рече Офир Еал, главениот оперативен директор на „Ракутен Вибер“.