Фото: Игор Бансколиев

Во последните 24 часа се направени 672 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19.
Оздравени се 130 пациенти, а пријавено е едно починато лице на 76-годишна возраст од Струга.
Лицето починало во болнички услови.
Како што информира Министерството за здравство, од новите 109 нови случаи на ковид-19, во Скопје се 57, Кавадарци – 10, Прилеп – 7, Куманово и Штип – по 4, Гевгелија и Охрид – по 3, Берово, Битола, Крива Паланка, Ресен, Струга, Струмица и Тетово – по 2, Валандово, Велес, Делчево, Кочани, Кратово, Неготино и Свети Николе по 1.
Од вкупниот број на позитивни (109), регистрирани се 27 реинфекции.
Од 130 оздравени пациенти, 74 се од Скопје, во Битола – 14, Берово – 12, Кавадарци – 8, Тетово – 6, Кочани – 4, Свети Николе – 3, Штип, Гевгелија и Кратово – по 2, Велес, Гостивар и Неготино – по еден.
Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.156.655 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.370, бројот на оздравени пациенти е 330.602, на починати е 9.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.265 лица.