Фото: Инстаграм/theroyalfamily

Бакингемската палата издаде соопштение во кое изразува загриженост за здравјето на 96-годишната кралица Елизабета по медицинската проценка направена денеска.

Во соопштението се вели дека лекарите на британскиот монарх препорачале таа да остане под медицински надзор. Се вели дека таа „е удобно сместена“ во нејзиниот замок Балморал во Шкотска, нејзиниот летен дом.

Таа од јули е на летен одмор во својот шкотски дом.

Кралицата го откажа состанокот во средата со тајниот совет, група нејзини најблиски, најдоверливи советници.

Би-Би-Си денеска објави дека принцот Чарлс и другите членови на кралското семејство отпатувале во Балморал за да бидат со кралицата.

Од нејзиниот профил на Твитер, премиерката Лиз Трус рече дека „целата земја“ е „длабоко загрижена“ од веста.

Таа додаде: „Моите мисли – и мислите на луѓето низ нашето Обединето Кралство – се со нејзиното Височество кралицата и нејзиното семејство во овој момент“.

Кралицата официјално ја назначи Трас за премиерка во Балморал во вторникот, наместо да отпатува за Лондон на настанот.

За време на нејзиното 70-годишно владеење, кралицата вообичаено се состанува со нејзиниот нов премиер во Бакингемската палата.