Лидерот на грчката опозиција и претседател на левичарската партија Сириза, Алексис Ципрас, на социјалните мрежи објави дека е позитивен на ковид-19.
Тој на „Твитер“ напиша дека досега имал благи симптоми, додека неговата сопруга и децата се негативни, објави „Катимерини“.
„За среќа, Бети и децата се негативни. Засега имам благи симптоми и се надевам дека наскоро ќе бидам здрав“, напиша Ципрас.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис му посака среќа и брзо закрепнување на претседателот на Сириза.
Ципрас прими бустер доза од вакцината против коронавирус на 13 ноември минатата година.