Во последните 24 часа е забележан рекорден скок на новозаболени од ковид-19 во Русија.  Бројот на заразени порасна за 10.633, што е најголем дневен пораст од почетокот на епидемијата, така што вкупниот број заразени сега изнесува 134.687. Во Москва се потврдени 5.948 нови случаи, а починаа 34 лица.