Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа од направени 2.740 тестирања, регистрирани се 327 нови случаи на Ковид-19: од кои најмногу во Скопје – 159, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Битола – 17, Гевгелија – 13, Охрид – 12,…

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 12 починати лица – шестмина починати од Скопје (57, 64, 72, 76, 85 и 86 години), две починати лица од Прилеп (40 и 82 години) и по едно починато лице од Битола (67), Кавадарци (73), Кочани (72) и Македонски Брод (70).
Од пријавените, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 4 смртни случаи во периодот од 27 ноември до 15 декември. Меѓу починатите лица, двајца се од Скопје и по едно лице од Кочани и Свети Николе. Починатите лица се на возраст од 57 до 88 години, при што едно лице е починато во домашни, а три во болнички услови.
Во изминатите 24 часа регистрирани сe и 325 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.515.236 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 220.794, бројот на оздравени пациенти е 207.563, на починати е 7.794, а бројот на активни случаи изнесува 5.437.