Украина е подготвена да ja започне долгоочекувана контраофанзива за да си ја врати територијата што е под руска окупација, изјави претседателот Володимир Зеленски во интервју за 2Волстрит журнал“, пренесува „Ројтерс“.
– Цврсто веруваме дека ќе успееме – рече Зеленски.
– Не знам колку долго ќе трае.Но да бидам искрен, тоа може да се случи на различни начини, сосема различни. Тоа ќе го направиме и подготвени сме – додаде тој.
Киев се надева дека контраофанзивата за враќање на територијата ќе ја промени динамиката на војната што беснее откако Русија го нападна својот помал сосед пред 15 месеци.