Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Извршниот директор на „Твитер“, Илон Маск, најави дека корисниците на неговата платформа ќе можат да избегнат месечни трошоци и дека од мај ќе им овозможат да плаќаат по прочитан текст.

Станува збор за нова услуга ‘one click’ („еден клик“), која, според Маск, може да биде вин-вин решение и за медиумите и за јавноста, бидејќи медиумските компании ќе можат на читателите да им наплаќаат повисока цена по напис без предуслов читателите да го платат целосниот износ на претплатата.

Маск не прецизира колкав процент ќе земе „Твитер“, ниту ги откри условите кои оваа социјална мрежа ќе им ги постави на медиумите.

Дали тоа навистина ќе се случи овој месец тешко е да се каже бидејќи Маск има навика нешто помпезно да најавува, а потоа малку да доцни со реализацијата.