Пријатели и роднини на Мартин Јовановски (31) од Македонија се организираат преку социјалните мрежи да одат на Халкидики и да помогнат во потрагата. Направена е групата на Фејсбук – „Сите за Мартин“ во која се бараат доброволци кои знаат грчки јазик, екипа со дронови (клубови, поединци и слично), луѓе со параглајдери, воздухопловни екипи, бродски клубови, едрилици, чамци, глисери и слично, финансиски донации за гориво за воздухопловните и водените пребарувачи и за волонтерите.
Скопјанецот Мартин Јовановски (31) исчезна пред седум дена кога заедно со двајца негови пријатели беа однесени од морските струи на плажата во Посеиди, на Халкидики. Едното момче беше пронајдено истиот ден, додека другиот, Иван успеал да преживее на отворено море благодарение на волјата и малата топка со чија помош се држел на површината додека не го пронајдат.
Потрагата е влезена во втора фаза. Сите бродови кои пловат на поширокото подрачје се известени дека треба да пријават доколку забележат нешто.
Грчки медиуми пишуваат дека од семејството на Мартин велар оти има многу кои пројавиле интерес да и помогнат на истрагата со своето физичко присуство.
Спасувачка служба ОФКАТ и денеска ја продолжи потрагата. На Фејсбук објавија известување за потрагата со видео на кое се гледа братот на Мартин, Горан. Како што беше и најавено, тој веќе е пристигнат во Грција од САД и активно е вклучен во потрагата на својот брат.
-Потрагата продолжува седми ден по воден и воздушен пат за лоцирање на исчезнатиот Мартин. Втор ден полета авион од солунски аероклуб кој трага на плажите Катерини и Лариса. Во потрагата од денеска учествува и неговиот брат кој утринава дојде од Америка, а попладне ги чекаме и доброволците од Скопје кои ќе помогнат. Борбата продолжува – напишаа од ОФКАТ.
Братот на исчезнатиот Мартин доаѓа во Грција: Ќе направам сѐ, по секоја цена да го најдам