Фото: ЕПА
Израелската разузнавачка агенција Мосад го доби контрапредлогот на Хамас за договорот за прекин на огнот и „неговите детали се темелно проценети“, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Во соопштението, се вели дека Хамас одговорил „во позитивен дух, обезбедувајќи сеопфатен и целосен прекин на огнот, ставање крај на агресијата врз нашиот народ, обезбедување помош, засолниште и реконструкција, укинување на опсадата на Појасот Газа и постигнување размена на затвореници“.
Нетанјаху, чиј коментар за одговорот на Хамас се уште се чека, рекол: „Ние сме на пат кон целосна победа и нема да застанеме“.
Ветувајќи дека ќе го елиминира Хамас, Израел започна воздушни напади и копнена офанзива во која загинаа најмалку 27.585 луѓе во Газа, главно жени и деца.