Потопената црква „Св. Никола“ на Никола Петревски – ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА

Фотографијата Потопената црква „Св. Никола“ на Никола Петревски е изборот за фотографија за оваа недела на „Нова Македонија“. Фотографијата, вели авторот, е направена во ноември, годинава, во Маврово.

Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.

Инаку, оваа црква е изградена во 1857 година во тогашното Мавровско поле. Црквата е потопена во 1957 со изградбата на хидросистемите Маврово. Иако поголем дел во годината таа е под вода, во ретките прилики кога водата од езерото се повлекува може да се види нејзината цврста градба. Црквата претставува своевиден заштитен знак на селото и поширокиот регион.
Во самата внатрешност и во дворот, може да се видат стари црковни елементи како и стари гробови.


📸 „Нова Македонија“ секоја недела ќе избира фотографија на неделата 👇
📇 Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
➡ Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
➡ Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
➡ Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
➡ Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
➡ Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.