Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид во Музејот на вода, традиционално и оваа година, ја накитија подводната новогодишна елка во Охридско Езеро. На сите граѓани на Македонија им ја честитаат новата 2023 година.
Како и секоја, и оваа нова 2023 година нуркачите од Амфора им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.
Посетителите на Музејот на вода елката ќе можат да ја видат до крајот на јануари 2023.