Фото: Принтскрин / Фејсбук / Бенjамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел има три предуслови за воспоставување мир со Палестинците во Појасот Газа.

– Хамас мора да биде уништен, Газа мора да се демилитаризира и палестинското општество мора да се дерадикализира – напиша Нетанјаху во авторски текст за Волстрит Џурнал (Wall Street Journal).

Тој посочи дека САД, Велика Британија, Франција, Германија „и многу други земји ја поддржуваат намерата на Израел да ја уништи терористичката група“.

– За да се постигне таа цел, нејзините воени капацитети мора да се уништат и да се стави крај на нејзината политичка моќ над Газа – напиша Нетанјаху.