Фото: илустрација

Индонезиските власти почнаа да евакуираат околу 3.000 жители во близина на вулканот Ибу на островот Халмахера, откако вулканот еруптираше и исфрли пепел четири километри во воздухот – соопшти Aгенцијата за катастрофи на земјата.

Ерупцијата на вулканот Ибу се случи вчера наутро и траеше околу две минути, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво во околните области.

– Ситуацијата на теренот во моментов е стабилна – изјави Абдул Мухари, портпарол на индонезиската агенција за намалување на ризикот од катастрофи.

Тој претходно изјави дека во близина на вулканот живеат околу 13.000 луѓе.

Ерупцијата е последна во низата вулканска активност во Индонезија, која се наоѓа на Пацифичкиот „Огнен прстен“ и има 127 активни вулкани.

Вулканот Ибу имаше серија ерупции минатата година, а во мај жителите на седум околни села мораа да бидат евакуирани.