Втор свиркач истапи во случајот со импичментот против американскиот претседател Доналд Трамп, според адвокатите кои го претставуваат првиот свиркач, пренесуваат светските медиуми. Вториот свиркач исто така е разузнавач, кој веќе разговарал со властите, но не се објавените детали за неговите тврдења. 

Упатените во случајот истакнуваат дека тој има сознанија за обвиненијата поврзани со телефонскиот разговор помеѓу Трамп и украинскиот претседател Владимир Зеленски од 25 јули. Постапката за импичмент беше покрената токму по спорниот разговор пријавен од првиот свиркач.

„Њујорк тајмс“ во петокот објави дека втора личност размислува да истапи со „подиректни информации“ во врска со телефонскиот разговор.

Адвокатот на Трамп, Руди Џулијани, преку Твитер истакна оти е изненаден дека постои уште еден „таен извор“, нарекувајќи ја истрагата политички мотивирана. 

Вториот свиркач уште не поднел официјална жалба и не разговарал со надлежниот комитет. 

Белата куќа инсистира дека го објавила записот од разговорот, но истражителите наведуваат дека станува збор за делумен транскрипт.