Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со умерен, повремено засилен северен ветер и со провејување на снег. Во јужните делови ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус 12 степени, а дневната  температура од минус еден до еден степен.

Во Скопје ќе биде облачно со умерен, повремено засилен северен ветер и со провејување на снег. Утринската температура ќе достигне до минус четири, а дневната температура до минус еден степен.

Под влијание на многу студена воздушна маса следува период на променливо и студено време со температури кои на повеќе места ќе се задржат под нула.