Истражувањето во аргентинскиот државен совет за научни и технолошки прашања покажа дека 90 отсто од луѓето кои биле вакцинирани со „Спутник В“ развиваат долгорочен имунитет, објави рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).
– Новата аргентинска студија покажува дека клеточниот имунитет, кој обезбедува долготрајна заштита од ковид-19, се формира во 90 отсто од вакцинираните по имунизацијата со „Спутник В – изјвија од рускиот фонд за директни инвестиции.
Министерот за здравство од Буенос Аирес, Даниел Голан, изјави дека кога Т-клетките повторно ќе се сретнат со вирусот, тие брзо произведуваат антитела и клетки убијци кои го уништуваат вирусот.
– Одговорот на Т-клетките покажува дека заштитата останува долго време. Остануваат мемориски лимфоцити кои го снимаат вирусот и го паметат – рече тој. Вакцината е одобрена за употреба во 67 земји, каде живеат 3,5 милијарди луѓе.
Руските агнеции анализираат дека податоците собрани од повеќе земји, вклучувајќи ги Србија, Бахреин, Унгарија, Мексико и други, покажуваат дека „Спутник В“ е една од најбезбедните и најефикасните вакцини против коронавирус.