Вработените во „Пошта на Македонија“ од денеска ќе одржуваат предупредувачки протести со цел да издејствуваат исплата на платата за септември.
Боро Велигденов, претседател на Синдикатот на „Пошта“ за МИА изјави дека протестите ќе се одвиваат во тек на паузите на вработените во сите подружници на „Поштата“ низ државата.
– Предупредувачките протести ќе продолжат и во наредните денови се додека не издејствуваме исплата на платата, изјави Велигденов – најавувајќи дека планираат да одржат и генерален протест пред Владата во наредниот период.
Велигденов вели дека имале средба со раководството на „Пошта“ кое ги информирало дека прави напори да обезбеди финансии и оти се чека поддршка од Владата. Во случај во меѓувреме да не се обезбеди исплата на платата генералниот протест Синдикатот ќе го организира наредниот викенд.