Фото: „Нова Македонија“

Во февруари годинава вкупно се потрошени 692 461 мегават часови електрична енергија, 39.165 милиони нормални кубни метри природен природен гас, 574.134 тони јаглен и 85.541 тони нафтени продукти.

Како што објави денеска Државнот завод за статистика, 82,4 проценти од потрошената енергија е од домашни извори, а 99,4 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во февруари 2025 година изнесува 570.529 мегаватчасови, што претставува 82,4 проценти од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.

Статистичките податоци покажуваат дека во февруари годинава во однос на февруари минатата година вкупната потрошувачка на природен гас е зголемена за 3,3 проценти, а потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 4,5 проценти.