фото: Пекселс

Угостителските услуги во јануари годинава, во споредба со истиот месец од 2023, се зголемени за 6,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Во однос на декември лани, пак, угостителските услуги поскапеле за 0,6 отсто.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 0,3 отсто, алкохолни пијалаци за 1,6 отсто, безалкохолни пијалаци за 1,7 отсто и ноќевања за 0,8 отсто.