Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе поминат неколку години пред Западот да престане да користи руска нафта и гас, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на состанокот на лидерите и младите претприемачи во четвртокот.
Во првите 100 дена од војната во Украина, Русија заработила 93 милијарди евра од извозот на фосилни горива. Најголем дел од фосилните горива биле испратени во Европската унија, а просечната извозна цена била за околу 60% повисока од минатата година, покажа новото истражување.
Имено, според извештајот на Независниот центар за истражување на енергија и чистота на воздухот во Финска, дури 61% од рускиот извоз на фосилни горива отишол во Европската Унија за околу 57 милијарди евра.
– Во однос на отфрлањето на нашите енергетски ресурси – тоа е малку веројатно во следните неколку години – рече Путин, пренесува Интерфакс.
Коментарите на Путин дојдоа во услови на високи приходи за извозот на нафта и гас на Русија оваа година. Цените на нафтата пораснаа за околу 50% оваа година и се тргуваат на највисоки нивоа во последните 13 години, поради оскудните залихи што и претходеа на војната, со силно закрепнување на побарувачката како што се олесни пандемијата на коронавирус.
Војната во Украина придонесува за загриженоста за снабдувањето, бидејќи Русија е главен производител на енергија под тешки санкции.