Фото: Игор Бансколиев

Од полноќ поскапуваат горивата од пола до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95 поскапува за пола денар и ќе се продава по цена од 81 денар за литар, Еуроспер БС-98 поскапува за еден денар и од полноќ новата цена ќе биде 83,50 денари за литар.

Дизелот поскапува за денар ипол и тој ќе се продава по цена од 79,5 денари за литар.

За пола денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое од полноќ ќе се продава по цена од 76,5 денари за литар.

Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,62 денари за килограм, во однос на претходно утврдената цена. Новата цена на мазутот ќе биде 40,732 денари за килограм.