Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 отсто во однос на одлуката од 29 септември 2023 година.
Од 3.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 48,660 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1 еден денар за литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,5 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,055 денари за килограм и сега ќе изнесува 48,660 денари за килограм.
-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.10.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени – велат од РКЕ.