Фото: Приватна архива

Нововостановената меѓународна награда, што биенално ќе ја доделува Црногорската кинотека го носи името на легендарниот бард на сценариото на југословенската кинематографија Ратко Ѓуровиќ, со култните филмови „Козара“, „Битката на Неретва“, „Човекот што треба да се убие“, што ги гледале милони гледачи по сите меридијани.
Прв добитник на ова високо признание е македонскиот драматург и сценарист Јордан Плевнеш, носител на повеќе светски признанија за неговото уметничко творештво, за неговата мисија во афирмацијата на балканските кинематографии не Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон, и претседател на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима.

Фото: Приватна архива

Во образложението на жирито во состав проф. д-р Радослав Т. Станишиќ, Драшко Ѓуровиќ, режисер, и Јована Бојовиќ професор по драмтургија и сценарио на ФДУ Цетиње, се вели: Првата награда со името на Ратко Ѓуровиќ се доделува на лауерат, којшто е македонски хуманист и писател објавуван и игран во над 30 земји во светот, автор на повеќе сценарија за играни и документарни филмови посветени на легенди на светската култура. Неговото интерконтинентално присуство во уметничката и академската дејност е одбележано во водеччите светски медиуми, како што се Њујорк Тајмс, Гардијан, Монд, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, како и во водечки јапонски, кинески и руски медиуми.

Како што е познато, минатата година Француската академија му ја додели престижната Гранпри за животно дело.
Во понатамошното образложение на жирито се вели: Јордан Плевнеш е непоправлив идеалист и меланхолик, а Ратко Ѓуровиќ е непоправлив оптимист и колерик. Двајцата извонредни интелекуалци со широко образование и ерудиција. Ратко Ѓуровиќ ја формира првата катедра за сценарио и драматургија на Академијата за театар и филм во Белград, а Плевнеш е основач на Интернационалниот универзитет за аудиовизуелни уметности Еуропа Прима. Јордан Плевнеш соработуваше со легендарните творци Питер Брук и Роберт Вилсон, а нашиот професор Ратко Ѓуровиќ со Рене Клер и Уго Пир…

Фото: Приватна архива

На свечената церемонија одржана минатиот викенд во Црногорската кинотека, под наслов „Балканофилмофилија Париз-Берлин-Вашингтон-Подгорица“ , наградата му ја врачи директорот на кинотеката Горан Бјелановиќ, со пригодна беседа за неговото творештво.
Во рамките на манифестацијата беа прикажани наградени филмови од Фестивалот на Југоисточна Европа, а со посебно обраќање на Претседателот на меѓународното жири Фабрис Далмеида, наградата „Фредерик Росиф“ му беше врачена на црногорскиот автор Владимир Перовиќ.