фото: Маја Јаневска - Илиева

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари.

Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече дека ќе продолжи навременото снабдување со електрична енергија.

– Не очекувам да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата овој јануари. Не очекувам. Од она кое што можам да го заклучам е дека навремено се снабдуваат граѓаните со сите количини на електрична енергија и ќе продолжиме така да ги снабдуваме. Така што, барем од онаа информација со која што јас располагам не очекувам да има покачување на цената на струјата за домаќинствата – рече Мицкоски, по увидот во работите за изградба на автопатот Гостивар Букојчани.