Фото: пиксабеј

Пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светска банка во 2023 година почнаа да се соочуваат со глобалните предизвици кои произлегуваат од високата инфлација и бавниот економски раст, јавува Анадолија.

– Три години од почетокот на пандемијата на корона вирусот, неизвесностите и ризиците продолжуваат да тежат врз глобалната економија – се вели во заедничката изјава на извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева и претседателот на Групацијата Светска банка, Дејвид Малпас.

Тие изјавија дека „инфлацијата, кризата со трошоците на животот и побавниот раст нè погодуваат сите нас, но особено им штетат на сиромашните и најранливите“.

Тие рекоа дека рекордно високиот долг ги кочи земјите во развој, додека ефектите од климатските промени ја загрозуваат егзистенцијата ширум светот.

– Згора на сето тоа, руската војна во Украина и геополитичката фрагментација ја прават меѓународната координација уште попредизвикувачки – додаваат тие во заедничката изјава.

Пролетните состаноци во 2023 година ќе траат до недела во Вашингтон.