Според измените на законот, од први јануари оваа година, лимитот за готовинско плаќање изнесува 2.000 евра, а од наредната 2025 година дополнително ќе се намали тој на 1.000 евра. Во согласност со членот 204 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, лимитот за готовински плаќања во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во форма на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, кои не се извршени преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција што дава платежни услуги, се намалува на износ од 2.000 евра, почнувајќи од 1.1.2024 година. Досегашниот лимит за плаќање во готово изнесуваше 3.000 евра и беше воведен во 2020 година, откако претходно беше 500 евра. Е.Р.