Фото: Маја Јаневска-Илиева

Казнената камата за периодот од 1 јули до 31 декември 2023 година е зголемена за 1,25 процентен поен и таа сега ќе изнесува 16 отсто за правните, односно 14 отсто за физичките лица. Референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, за периодот од 1 јули 2023 година до 31 декември 2023 година, изнесува 6 проценти, објави Народната банка на Македонија. Пресметувањето на каматата на искористениот дел од дозволеното пречекорување се добива така што на референтната стапка, која во моментов е 6 проценти, се додаваат 7,95 процентни поени.

Казнената камата е и највисоката камата што банките може да ја определат за кредитите за граѓани, па најскапите кредити обично добиваат повисока камата кога казнената ќе се зголеми или пониска кога ќе се намали. Досегашната практика покажа дека може да се очекува поскапување на најскапите кредити за населението, а тоа се ненаменските потрошувачки и риволвинг-кредитите, како и кредитните картички, кои најчесто имаат камата еднаква на казнената.

На 1 јануари годинава стапи во сила Законот за платежни услуги и платни системи, со кој меѓу другото банките се обврзуваат транспарентно да ги објават сите трошоци што ги имаа клиентите и по кои основи.