Очекуваме до крајот на годината да бидеме покуси за околу 6-7 милијарди од она што сме го планирале и затоа е можно дотогаш да имаме уште еден ребаланс на Буџетот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговорајќи на новинарски прашања, по увидот во домот „Стив Наумов“, Мицкоски уште еднаш напомена дека инфлацијата во Македонија е под контрола.
– Не би рекол дека кај нас инфлацијата има голем замав, два месеца по ред е контролирана и е под европскиот просек. Ќе видиме како ќе биде во септември. Се што е од 2 – 3 отсто е во рамки на очекуваното. Предизвик е испораката на нафтата и нафтените деривати, цените на берзите и мерките што ги имплементираме како Влада. Тоа ќе не чини како само по основ на акцизата околу пет милијарди денари, а поради намалениот ДДВ и уште некоја милијарда повеќе. Затоа, се разгледува можноста за уште еден ребаланс – истакна Мицкоски, пренесува МИА.
































