Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,6 отсто во однос на вчерашната одлука.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, на „евродизелот“ (Д-Е В) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат  за три денари/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 1,571 ден./кг и сега ќе изнесува 55,163 ден./кг.

Од од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 82 (денара/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 84 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е В)“ – 84 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 81 (денар/литар)

Мазут М-1 НС – 55,163 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,944 %, кај дизелот за 5,650 %, кај екстра-лесното масло за 5,694 % и кај мазутот за 3,588 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,059 %.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.