Фото: Влада

Владата го задолжила ЕСМ да почне преговори за потенцијален стратешки инвеститор и можна соработка за реализација на проекти за гасно – водородни централи Битола и Неготино, информира владината прес-служба во соопштение по денешната седница на Владата.

На седницата донесена е одлука за почнување процес за трансформација на производството на електрична енергија со гасно-водородни централи.

– Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за економија за потребата од иницирање проекти за изградба на регионална 800 мегавати гаснo – водородна централа Неготино и 250 – 300 мегавати гасно – водородна централа Битола. Задолжено е АД ЕСМ да отпочне преговори за потенцијален стратешки инвеститор и можна соработка за реализација на проекти за гасно – водородни централи Битола и Неготино), согласно Законот за стратешки инвестиции – информираат од Владата.