Илустрација/Фото: Маја Јаневска-Илиева

Банките апелираат до граѓаните да внимаваат на обиди за злоупотреби на нивните картички. Во известувањата од банките се апелира граѓаните да не отвараат линкови од сомнители СМС-пораки и да не споделуваат податоци од картичките.

Банките предупредуваат дека е забележана измамничка кампања зад која стои лажна веб страница која се испраќа преку СМС и е-маил пораки со цел злоупотреба на податоците од картичките.

– Заштитете ги Вашите платежни картички од можна злоупотреба и не кликајте на линк добиен преку СМС или е-маил порака за наводна „погрешна адреса“ или „вратена пратка“. За да се заштитите од злоупотреба, вооопшто не споделувајте податоци од картичката на сомнителни страни – стои во дел од соопштенијата од банките.

Оттаму укажуваат дека доколку граѓаните ги внеле податоците од нивната картичка, потребно е веднаш да се јават во контакт центарот на матичната банка за да се блокира картичката.